Собранието на Република Македонија со години корумпираните политички елити го гледаат како бунар без дно од кој испумпуваат пари од буџетот на државата, пари на граѓаните, наместо да биде храм на демократијата.
И годинава политичките елити не го поштедија народот од милионски суми за патни трошоци. Само во текот на 2023 година покрај покачените плати и останати приходи за пратениците, буџетот е олеснет од страна на пратениците за неверојатни 19.5 милиони денари.
- (Видео) ХАОС ВО ТЕТОВО: Капитенот на Вардар беше удрен со тврд предмет па тргна да се тепа со домашните навивачи – по крајот на дуелот со специјалци беше изнесен од теренот!Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој- прочитај повеќе
- Писонеро: ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Северна Македонија штом таа ги исполни договорените релевантни критериуми– Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на- прочитај повеќе
- Израел го нападна и ЈеменМинистерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се- прочитај повеќе
- Русите стравуваат од напад на Кримскиот мостКримскиот мост има стратешка и политичка вредност како симбол на руската окупација- прочитај повеќе
- Партиите во бугарскиот Парламент едногласни околу декларацијата за Северна МакедонијаКомисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја- прочитај повеќе
Поголемиот дел од пратениците кои земале патни трошоци, ретко или никогаш не се појавиле на говорница, не поднеле никакво законско решение или амандман во интерес на македонските граѓани.
Собранието се претвори во циркус кој го плаќаат граѓаните, пратениците наместо да одлучуваат своеволно и во интерес на граѓаните чекаат инструкции од партиските штабови за да кренат рака во храмот на демократијата, а партиските и личните интереси се ставени пред интересите на граѓаните.
Овој начин на делување мора и ќе биде променет, основната идеја на Собранието е преку дебата различни политички чинители да можат да дискутираат за предлог законски решенија кои ги предлагаат во интерес на граѓаните, а не како сега, во пазар каде се договараат за амнестија на криминалот и корупцијата.
Нова Алтернатива уште во првите неколку месеци од влегувањето во парламентот ќе предложи сериозни измени во делот на патните трошоци за пратениците кои ќе бидат услов за формирање на Влада. Буџетот на државата не е бунар без дно и начин пратениците да се збогатат во еден мандат. Нова Алтернатива најавува крај на милионските давачки за граѓаните за патни трошоци и останати злоупотреби на парите на граѓаните за лично богатење.
*Соопштение на партијата Нова Алтернатива
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.