Нова верзија на хамбургер со лабораториско месо

Loading...

Првиот хамбургер од лабораториско месо настанал во Холандија во 2013 година, а оттогаш сѐ повеќе компании започнале да се интересираат за ваквата технологија.
Годишно се трошат околу 300 милиони тони месо, што е повеќе од двојно во однос на количините произведени пред 30 години. Процесот на производство сѐ повеќе влијае на климатските промени бидејќи е одговорен за емитување на околу 14,5 отсто на гасови кои влијаат на формирање на ефектот на стаклена градина.
Некои тврдат дека сѐ уште нема докази дека процесот на производство на месо во лабораториите е одржлив. Некои пак се занимаваат со проблемот на вкус и се прашуваат дали ваквото месо воопшто може да биде вкусно. Луѓето кои го пробале тврдат дека, на пример во францускиот ресторан “Jardinière”, “лабораторискиот хамбургер” со месо од компанијата “Impossible Foods” е една од најпопуларните ставки на нивното мени.


“Impossible Foods” продолжува да го развива својот вештачки хамбургер, а со тоа настанал и “Impossible Burger 2.0” кој беше претставен на “CES” во текот на минатата недела. Станува збор за значајно подобрување и рецепт кој нуди подобри нутритивни вредности, вкус и текстура кои се блиски до вистинските хамбургери, уверуваат водечките луѓе на компанијата.
Првиот “Impossible Burger” послужил за да се одредат неговите недостатоци, а критиките биле употребени за подобрување во рамки на верзијата 2.0. Најмногу внимание се посветило на нутритивните вредности, па затоа во рамки на новата верзија е намален бројот на калории, сол и масти, а подобрен е и квалитетот на протеини. За да се подобри текстурата, пченичниот протеин е заменет со соин бидејќи подобро функционира со протеините од компирот кој исто така се наоѓа во новата верзија.
Со ова, вистинското месо би можело да биде целосно елиминирано од брзата храна, со тоа што “новите верзии” на месо нудат слично искуство кое во иднина би требало да стане уште поблиско до она што досега го нуделе исклучиво кравите.

loading...