Нова рунда: Карлеуша и Цеца на нова пресметка

Loading...

Пресметка помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ – нова рунда!
Карлеуша не се појави на денешното рочиште, а Светлана Ражнатовиќ и нејзиниот адвокат пред новинарите изјавија дека судењето завршило и дека судијата наскоро ќе донесе пресуда.
Цеца беше прва која на судењето пристигна во фармерки, бел капут и високи потпетици, а таа им посака на присутните новинари добар ден.
На прашањето на новинарите дали станува збор за тужба поради наштетување на угледот, затоа што Карлеуша еднаш напиша на Инстаграм дека „Цеца е глупава како к***ц“, адвокатот на Ражнатовиќ одговори: „Хм, да речеме така“.


„Ова не може повеќе да се одолговлекува. Ова трае од 2017 година, а сега е 2020 година. Сега дадов изјава. Доаѓав на секое судење”, рече фолк пејачката.
Досега Светлана Ражнатовиќ веќе имала средби со судските тела, а поради финансиска проневера е осудена на куќен притвор и исплата на милионски парични казни.
Последниот спор меѓу двете „лути ривалки“, во кој Цеца побара од Ј.К. за надомест на душевната болка што ја претрпела, заврши мирно, што значи дека во тој случај немало судење.
Јелена еднаш за медиумите изјави дека се сомнева во колешката дека нарачала убиство на нејзиниот поранешен партнер Зоран Давидовиќ Чанде, поради што Цеца ја тужеше

loading...