Новинарите на BBC во 24 часовен штрајк поради заканите со откази

Loading...

Новинарите на британскиот радиодифузер BBC започнаа во понеделникот веднаш по полноќ 24 часовен штрајк во знак на протест против заканите со отпуштања од работните места, што би можело да предизвика прекини во радиските и телевизиските емисии.

 Штрајкот е организиран на повикот од Националната новинарска унија (NUJ) по неуспехот на преговорите за прераспоредувањето на 30 вработени на кои им се заканува отказ. Девет вработени на кои им се заканува отпуштање од работата за BBC во Шкотска, а другите се во сервисите на мрежата Five Live, Asian Network и World Service.
Генералната секретарка на здружението, Мичел Стејнистрит, изјави дека „членовите на NUJ работат на тоа да се зачуваат работните места и квалитетното новинарство во корпорацијата”.
„Лутите вработени се разочарани од тажните одлуки на врвот на BBC, одлуките според кои новинарите остануваат без работа, а новинарството и квалитетната програма се загрозени”, изјави таа.
Од BBC изјавија дека управата на сервисот разбира „колку ситуациите којашто предвидува отпуштања можат да бидат тешки и болни”, меѓутоа и дека се разочарани од овој штрајк додека со сили се трудат да го оптимизираат прераспоредувањето на персоналот и да водат дијалог со синдикатот.
Како што соопштија од NUJ, од 2004 година BBC загубил седум илјади работни места. Синдикатот притоа бара шестмесечен мораториум на отказите. До 2017 година овој јавен британски сервис планира да укине уште две илјади работни места, а продукцијата на програмата темелно ќе ја испита во рамките на обемниот план за намалување на трошоците.
Макфакс
Новинарите на британскиот радиодифузер BBC започнаа во понеделникот веднаш по полноќ 24 часовен штрајк во знак на прот

loading...