Новиот вештачки дијамант ги измами и најголемите експерти

Loading...

Белгиската компанија ,,Heyaru” разви технологија за производство на синтетички дијаманти , кои не се разликуваат од вистинските.
Научниците со децении работат во лабораториите на усовршување на имитирањето на природниот процес на добивање дијаманти.
Благодарение на специјалните микробранови печки, белгиската компанија успеа да произведе дијаманти во слоеви како во природата.


Професорот по физика, Кен Ханен, рече дека лабораторискиот дијамант изгледа потполно реално и дека дури и оние со „стручно око“ не можат да ја забележат разликата.
Хемискиот состав и оптичките карактеристики се исти, единствената разлика е во цената.
Синтетичкиот дијамант веќе освои два проценти од пазарот на накит, а некои познати личности како пејачката Лејди Гага веќе го носат.
Експертите велат дека таков дијамант со својства на електричен проводник би можел да се користи и во други области, како што е технологијата, за многу силни компјутерски мрежи или во енергија, пренесува порталот Индикатор.
Белгиската компанија ќе инвестира повеќе од 200 милиони евра во специјалните печки во следните десет години, со цел да произведе околу 200.000 килограми синтетички скапоцени камења годишно.

loading...