Новиот SEAT Leon се закити со плакетата Автомобил на годината 2013

Loading...

Плакетата Автомобил на годината за 2013 година беше доделена во четврток вечер во хотелот Александар Палас.Годинава оваа престижна титула ја понесе новиот Leon, со што стана двократен добитник на оваа награда.Наградата беше врачена од страна на претседателот на жирито, Агрон Сулејман, а ја примија генералниот менаџер на КА-ДИС Зоран Калеников и регионалниот менаџер за продажба на SEAT Гифре Пујол Солсона, кој со неколку реченици се заблагодари на жирито за наградата.Новиот SEAT Leon е конструиран на новата MQB платформа на Volkswagen групацијата, со поголемо меѓуосовинско растојание, овозможувајќи поголема пространост како во внатрешноста така и во багажниот простор, а воедно е пократок за 52 мм и полесен за 90 килограми.Тој располага со START/STOP технологија која го прави високо економичен и со многу ниска емисија на CO2 гасови од само 99 грама, што претставува импресивен податок за возило во оваа класа.Ова возило доби максимални пет ѕвездички во EURONCAP тестовите освојувајќи високи 94% за безбедност на возрасни и 92% за безбедност на деца.Новиот Leon е прв во својата класа кој што вградува целосни LED светла,осветлувајќи ви го патот како да е ден.Тука се и новите системи за детекција на замор, Lane Assist кои ви даваат дополнителна сигурност при вашето патување. Системот EASSY CONNECT преку 5.8″ екран чувствителен на допир овозможува поголема забава и уживање при патувањето.Ова е трета генерација на Leon која го одбележува почетокот на новото поглавје за SEAT давајќи целосна смисла на слоганот ENJOYNEERING.Новиот Leon од неодамна е достапен во нашиот салон по цена од 13.970 евра за прв пат со четири годишна гаранција.
МакфаксПлакетата Автомобил на годината за 2013 година беше доделена во четврток вечер во хотелот Александар Палас.

loading...
Loading...