НОВИ ПРАВИЛА за влез во земјава од 1 септември

Loading...

Странски државјани, како и граѓани на Македонија, од 1 септември ќе треба да покажат сертификат за имунизација, потврда за прележана корона или негативен ПЦР тест, одлучи Владата на вчерашната седница.
Од 1 септември македонските и странските државјани ќе можат да влезат во земјава доколку претходно достават сертификат за имунизација на граничниот премин, односно примиле најмалку две дози вакцина или потврда на прележан Ковид-19 во последните 45 дена. од денот на закрепнувањето, или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Граѓаните на Македонија кои се враќаат во земјата по 1 септември и немаат негативен ПЦР тест, доказ за вакцината што ја примиле или прележан вирус, ќе треба да поминат најмалку седум дена во карантин.
Странските државјани што транзитираат низ Македонија ќе можат да поминат во рок од пет часа, со претходно потпишана изјава при влезот, која треба да се предаде на граничната контрола при излезот од земјава.

loading...
Loading...