Нови случаи на птичји грип во Кина, Американците тешат дека нема услови за пандемија

Loading...

Бројот заболени од новиот сој на вирусот на птичјиот грип H7N9 во Кина се зголеми на 129 лица, соопшти во понеделникот кинеската Државна комисија за здравство и планирање на семејството, додека истовремено челникот на американската Управа за контрола и превенција на болестите (CDC) изјави дека во сегашниот облик вирусот не може да предизвика пандемија, но додава дека нема гаранција дена нема да мутира и да предизвика сериозна пандемија.Двата нови случаи од птичјиот грип се регистрирани кај жители на кинеската провинција Фуџиан, со што до понеделникот има вкупно 129 заразени со новиот сој од вирусот на птичјиот грип во десет кинески провинции. Досега од инфицирањето со вирусот H7N9 кој почна да се шири во февруари во Кина почина 31 лице.Кинеските научници сметаат дека засега нема причина да се зборува за преносливост на вирусот H7N9 од човек на човек. Исто така, не е воочена ниту епидемиолошка поврзаност меѓу сите случаи. Нема регистрирано ниту масовна зараза со вирусот кај живината. Тие се убедени дека H7N9 се уништува со термичка обработка и апелираат до населението да не паничи, да ги избегнува контактите со птици и повнимателно да ги подготвува производите од живина.Директорот на американската Управа за контрола и превенција на болестите (CDC), Томас Фријден на истата тема во понеделникот изјави дека повеќе од две илјади луѓе биле во контакт со заразените лица и дека само неколкумина заболеле. Другите заболени биле во директен контакт со живината, изворот на заразата.„Овој конкретен вирус нема да предизвика пандемија, бидејќи не се шири од лице на лице. Меѓутоа, се што е потребно е само мала мутација за да стане способен да се шири преку луѓето“, предупредува челникот на CDC.„Не можам со стопроцентна сигурност да кажам дека тоа ќе се случи утре, за десет години или никогаш“, истакнува Фријден.Според последните процени на CDC, вирусот на птичјиот грип убива околу 20 отсто од заразените луѓе.Научниците уште во април утврдија дека новиот сој на вирусот уште е во развој и „разменува” гени со други вируси во потрага по генетска структура која ќе го направи постојан и способен за брзо ширење. Доколку успее во тоа, светот би можел да се соочи со смртоносна закана од нова пандемија на грип, но тој сој, исто така, би можел и да исчезне.Нестабилноста на вирусот, исто така, го поставува и прашањето дели вирусот H7N9 ќе стане отпорен на антивирусните лекови како што е „Тамифлу” на фармацевтската компанија „Roche”, што е веќе воочено по анализата на достапните податоци за генетската структура на овој сој вирус.„Дури и со само три генетски секвенци кои се познати, има докази дека една добро не се вклопува во другите две. Затоа сметаме дека тој вирус уште наоколу бара генетска констелација со која ќе биде 'посреќен'. Можеби надвор постојат други вируси со коишто разменува гени, додека не ја добие постојаната структура”, рече минатиот месец Венди Баркли, вирусолог од британскиот Imperial College London.Тоа е и токму причината поради којашто научниците не можат да проценат колку вирусот H7N9 е опасен за човекот.Пред овие случаи кои неодамна се забележани во Кина, сојот на вирусот на птичјиот грип H7N9 не се пренесуваше ниту на човекот, ниту од човек на човек. Како и кај најраширениот со H5N1, научниците стравуваат дека поради мутација на вирусот, болеста би можела да се пренесува од човек на човек, што може да предизвика пандемија.
МакфаксБројот заболени од новиот сој на вирусот на птичјиот грип H7N9 во Кина се зголеми на 129 лица, соопшти во понеделникот

loading...
Loading...