Нови цени на горивата од полноќ

Loading...

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Со последната промена, минатата недела малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемија за 0,50 денари.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ее 68,00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 58,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
46,50 денари по литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,246 ден и изнесува 33,140 денари за килограм.

loading...