Нови цени на цигарите-повисоки

Без претходна најава поскапеа цигарите објавува “24 Инфо“.
Читател на порталот испратил фотографија од фискална сметка на која се гледа новата цена на цигарите “Марлборо голд“, кои ги купил во “Тобако“ во Аеродром. До вчера истите чинеа 140, денес се продаваат по цена од 150 денари.

И повеќе трговци, сопственици на трафики ја потврдија информацијата за поскапувањето на цигарите. Дознаваме дека се поскапени цигарите од брендовите “Пал мал“, “Честерфилд“, “Ориентал“, “Марлборо“ и “Бонд“. Во зависност од брендот новите цени се повисоки за 5 до 10 денари.