Новогодишни елкички на трпезата

Loading...

Не треба посебна вештина за да ги подготвите. Направете тесто за омилените мафини од чоколада и испечете ги. Во духот на празникот ставете ги во црвени корпички. Изматете белка со шеќер и малку сок од лимон, нанесете ја на колачите и запечете неколку минути. Оставете малку да се изладат, а во меѓувреме подгответе го шлагот во кој ќе додадете зелена прехранбена боја. Потоа со шприц за готвење направете форма на елки како на фотографијата. Елкичките украсете ги со ситни бонбончиња, на врвот додадете бисквит-ѕвездичка и сите ваши гости ќе бидат воодушевени.

loading...