Новосаѓанка го наполнила резервоарот и го оставила автомобилот отворен на сред улица со порака: Драги соседи правете со моето Фиќко што сакате!

Loading...

Кога на човек ќе му пукне филмот и тоа без негова вина, не мисли што прави. Александра Хеѓи направила нешто на што никој до сега не се осмелил и тоа, наводно, од револт кон соседите!
Таа својот автомобил марка “Фиат 500“ го оставила насред улицата “Пушкинова“, со резервоар полн со гориво, ги отворила сите врати, клучевите ги оставила во автомобилот, а на соседите им порачала да прават со него што сакаат.
Фотографијата и објаснувањето ги објавила на својот Фејсбук профил:
“Драги соседи… еве ви го мојот Фиќко“, па правете со него што сакате… ми ги дупевте гумите два пати, ми ги кршевте бришачите, ми ги вадевете табличките, го чкртавте со црн спреј, го гребевте со клучеви… утрово Пајак службата ми го одвезе миленикот и уште комуналниот инспектор излезе на терен за да ми пише прекршочна пријава, а имам годишен паркинг билет… за жал не можам да пријдам до зградата и паркинг местото во дворот… БРАВО за тоа… клучевите ви се во автомобилот, резервоарот е полн… само уживајте!!! Ве бакнува вашата соседка од улица “Толстојева“.

 

 

loading...