Ново поскапување на бензините од полноќ

Ревносната РКЕ повторно, што би се рекло по кратка постапка донесе одлука за поскапување на бензините. Тие од почноќ одат нагоре. Еве ги цените кои ќе ве чекаат од утре ако сакате да се возите со кола.

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 1,30% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.06.2022
година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат зголемување кај бензините во просек за 1,179% или за 16,100 $/тон, кај дизелот зголемување во просек
за 1,697% или за 20,850 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,673 % или за 19,850 $/тон и
кај мазутот зголемување во просек за околу 0,482% или за 3,250 $/тон, поради што во структурата на цените на
нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,5484 ден/$ и е за
околу 0,009 % повисок од курсот на доларот (57,5430 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната
пресметка.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените
деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата
за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,30%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022
година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 99,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 112,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 102,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 55,508 ден/кг.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.