Ново поскапување на паркинзите во Центар

Loading...

Како што се чини нема крај на поскапувањата на паркинзите. А нови паркинзи нема. Не се градат гаражи, не се регулира сообраќајот и паркирањето соодветно на метрополата. Како да застанало времето. Но, ако станува збор за нови давачки и дерење на обичниот човек, први се.
Ако се земе колкави се платите а колку чинат паркинзите по саат мислиме дека сме најскапа држава во светот. Во Скопје буквално можете да ја потрошите половина плата ако треба да се паркирате во Центар или ако треба да одите по работа. Станува нехумано…
Општина Центар донесе одлука од 8 јануари да поскапи паркингот на паркиралиштата на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ за 20 денари за еден час. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општина Центар во 2019 година и „за“ гласаа сите советници. Како што може да се забележи СЛОЖНИ БРАЌА се сите таму во советот, кога треба да се наметнат давачки…
Со новиот ценовник, за паркинг на паркиралиштата на ПОЦ ќе се плаќа 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...