НОВО РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ВМРО ДПМНЕ

Во денешната емисија „Стадион’ на канал 77 во која гости беа професорот Тони Науновски, Александар Пандов од вмро дпмне и Ненад Коциќ од СДСМ беа анализирани повеќе актуелни политички теми.

Науновски ги спомна познатите изјави на Хан и Могерини дека Мицковски ветил дека нема да го попречува процесот на преспанскиот договор, во исто време додека пред нивното членство и јавноста велеа дека се стриктно против истиот.
НОВО РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ВМРО ДПМНЕ

До израз дојде немањето на одговори за трите големи настани кои се случија во изминатите 4-5 години, кои ги потенцираше Науновски – Преспанскиот договор, пописот и бугарскиот договор, односно контрадикторното политичко однесување и одлуки во врска со нив од страна на раководството на вмро дпмне.

Имено, Науновски ги спомна познатите изјави на Хан и Могерини дека Мицковски ветил дека нема да го попречува процесот на преспанскиот договор, во исто време додека пред нивното членство и јавноста велеа дека се стриктно против истиот.

Во однос на Бугарскиот договор, Пандов немаше објаснување за тоа зошто се прекинаа протестите и најавите за блокади после средбата на Мицкоски со Урсула фон дер Лајен во седштето на ЕУ во Скопје, кога следното утро мистериозно исчезнаа бината и пејачите односно протестантите на вмро дпмне пред собрание и маршовите од Влада до Собрание, за денес вмро дпмне радикално да го смени ставот и да велат дека не се против менувањето на Уставот со некакви апстрактни гаранции, што е спротивно на првичната масовна хистерија за бугаризација која ја предизвикуваа во јавноста.

Во однос на пописот, Науновски кажа дека бројките се такви заради конфузното и несериозно однесување на Вмро дпмне, кои прво повикуваа на бојкот на пописот, па собираа на штандови потписи за нов закон за попис, за на крај неколку дена пред пописот да повикаат на масовно попишување, што доведе до конфузија меѓу Македонците посебно во дијаспората.

Линк до оваа интересна дебата овде:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.