Ново судско рочиште за „Титаник“

Loading...

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник“ што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство.

Претходното рочиште беше одложено, бидејќи како што кажа судијата Осман Шабани, Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како и на претседателот на Кривичниот суд и неговиот заменик.

Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

loading...