Нов видео запис на популарната Македонска група „Либеро Бенд“

Либеро Бенд постои од јуни 2011 година. Со нивниот разновиден репертоар и се претставија на Македонската јавност како млад, оптимистичен бенд, се калеа со свирки во кафулиња, ресторани а исто така можат да се пофалат и со настапи во поголемите дискотеки во Скопје и Македонија но и со неколку настапи во Европа.
Либеро бенд оставаат белег како најперспективен бенд во моментов на Македонската музичка естрада. Оформија свој стил на музика и се стремат да остават свои траги на ова нивно музичко поднебје.
Денес, можат да се пофалат и со нов видео запис на нивната нова песна „Најмила“ кој што официјално ќе излезе на 14ти февруари.
Во прилог можете да го погледнете краткиот тизер од песната.

Loading...