Нов парк за домашни миленици во Карпош

Loading...

На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, Општина Карпош постави нов парк за миленици. Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема.
На неформална средба градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со граѓани – сопственици на кучиња кои со воодушевување ја примија веста за новиот парк. Беа разменети и мислења за одржувањето на паркот и  подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните. Исто така беше изразена подготвеност и за заедничко организирање настани на оваа локација.

 

loading...