НОВ РЕКОРД ЗА ГИНИС? Во Арачиново се потрошени 474% повеќе струја од лани

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините покажуваат дека од вкупниот број, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15%, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само 3 имаат поголема потрошувачка во споредба со минатиот октомври 2021 година.

НОВ РЕКОРД ЗА ГИНИС? Во Арачиново се потрошени 474% повеќе струја од лани

Ова денеска го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата.

Според податоците, најкритични се само три општини и тоа општините Арачиново со зголемување од 474%, Студеничани со 11% и Лозово со 12 проценти.

-Овие податоци за заштеда на електрична енергија покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно, електрична енергија, можат да се направат големи заштеди.

Сакам да апелирам до сите компании и граѓаните, рационално да се троши електричната енергија. Ние како влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки за цел олеснување и намалени негативни ефекти од енергетската криза, рече Бектеши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.