Нов сајбер скандал: Руски хакери украле тајни податоци за трговијата со Велика Британија и САД?

Loading...

Руски хакери, наводно, украле тајни податоци во врска со трговијата меѓу САД и Велика Британија, тврдат светските медиуми.

Според Ројтерс, руските хакери украле информации преку е-пошта на поранешниот министер за трговија на Велика Британија, Лиам Фокс.

Оваа новинарска агенција посочува дека во периодот од 12 јули до 2 октомври 2019 година, е-поштата на „Фокс“ била хакирана неколку пати.
За потсетување, Велика Британија, заедно со САД и Канада, во средината на јули обвинија дека руските хакери извршиле серија сајбер-напади врз институциите на овие земји. Според некои извештаи, хакерите, наводно, сакале да добијат истражување за вакцината против коронавирусот.
Министерството за надворешни работи на Русија пред неколку дена соопшти дека ќе одговори со реципрочни мерки на санкциите на ЕУ против руската воена разузнавачка агенција, поради наводни сајбер напади.
 – Оваа непријателска акција на ЕУ нема да помине без одговор – се вели во изјавата на Министерството во тоа време, додавајќи дека санкциите биле политички мотивирани и дека „сè е реципроцитет во дипломатијата“.
loading...