Нов скок: Речиси 400 заразени во БиХ, Италијанец почина во Хрватска 3 дена по приемот во болница

Loading...

Состојбата со коронавирусот сè уште е загрижувачка во целиот регион, а земјите продолжуваат да пријавуваат неколку стотици нови случаи. Се појавуваат нови жаришта, некои се поврзани со ноќни клубови, а Италијанец почина во Хрватска.

Босна и Херцеговина

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, коронавирусот е потврден кај 398 лица, од 2.151 анализирани примероци. Во Федерацијата на БиХ има 326 нови случаи и 72 во Република Српска.

Досега се тестирани вкупно 94.035 примероци, а вирусот е потврдено кај 8.352 лица.

Хрватска

Во изминатите 24 часа се регистрирани 77 нови инфицирани случаи, а бројот на тековно заболени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 569. Меѓу нив, 120 пациенти се во болница, од кои 8 се на респиратор.

До денес, тестирани се вкупно 127.405 лица, од кои 995 во последните 24 часа.

Словенија

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 14 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, според новите податоци на владата. Во претходниот ден беа тестирани 829 примероци.

Во Словенија во моментов има 181 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во земјата, заразени се вкупно 2.247 лица, од кои 126 починале.

Бугарија

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 195 нови случаи на ковид-19, а починаа седум лица. Има 5.837 активни случаи, објави денеска бугарското Министерство за здравство.

Србија

Во Србија во последните 24 часа потврдени се нови 255 случаи , а починати се шест лица. Направени се 8.014 во последното деноноќие.

Процентот на смртност во Србија изнесува 2.27%

 

loading...