Нов судир на титаните- Јунајтед го чека Реал

Loading...

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, во вторник, на „Олд Трафорд“ ќе решаваат која екипа ќе ги продолжи натпреварите во Лигата на шампиони, односно кој тим ќе игра во четвртфиналето.

Поради резултатот 1:1 со кој заврши првиот меч во Мадрид, минимална предност има домаќинот на оваа средба Манчестер Јунајтед, но Реал е исклучително опасен, формата му е во подем, а самодовербата на највисоко ниво, особено по двете победи над Барселона. Мечот со нетрпение се очекува и поради тактичкото надмудрување, на според многумина двајцата најдобри светски тренери – Алекс Фергусон и Жозе Мурињо, но и поради враќањето на Кристијано Роналдо на местото каде ја стекна фудбалската слава. „Во вторник целиот свет ќе го гледа овој натпревар. Ова не е обичен натпревар, делува како да е финале. Ќе видиме кои два тима ќе играат на „Вембли“, но се сомневам дека очекувањата ќе бидат поголеми него што се за овој дуел“, изјавил стратегот на Реал, Жозе Мурињо. Португалецот меѓу играчите кои пристигнаа во Манчестер го има и Икер Касиљас, кој се опорави од повредата, но голот на Реал и на оваа средба ќе го брани Диего Лопез. Морињо мал проблем има со традицијата, никогаш не победил на „Олд Трафорд“ во Лигата на шампиони, со Порто играше нерешено, а со Интер загуби. Менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон ќе може да смета на Робин ван Перси, но од тимот, поради повреда ќе отсуствува Фил Џонс.„Нема да биде лесно, Кристијано секоја недела игра добро. Искуството со кое младиот Рафаел се стекна во првото полувреме на мечот во Мадрид многу ќе му помогне бидејќи и во вторник ќе ја има истата задача. Мислам дека не треба да се плашиме. Доколку во натпреварот влезе отповарени со тоа што може Роналдо да направи, тогаш ќе ги заборавиме работите кои ние можеме да ги направиме“, изјавил Фергусон. Натпреварот ќе биде посебен, бидејќи Рајан Гигс би требало да го одигра 1.000 натпревар во кариерата. „Горд сум што имам одиграно толку натпревари. Различни цели имав во текот на кариерата, најпрвин да влезам во првиот тим, потоа да останам во него, да освојувам трофеи, но никогаш не размислувате да одиграте 1.000 натпревари. Работев напорно, а многу нешта беа на моја страна – менаџер кој тука е долго, а и секогаш имав одлични соиграчи“, рекол Гигс. Пресметката помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе стартува во 20:45 часот, а главен судија ќе биде Турчинот Чакир.
Макфакс
Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, во вторник, на „Олд Трафорд“ ќе решаваат која ек

loading...