Нов хаос во Бејрут: Голем пожар повторно избувна во пристаништето, армијата нареди итна евакуација

Loading...

Голем пожар избувна во пристаништето Бејрут на местото каде се случи голема експлозија минатиот месец, при што загинаа скоро 200 лица. 

Пожарот избувнал во магацин во кој има гуми и масло. Причината за пожарот е непозната. Како што се дознава, армијата наредила итна евакуација на овој дел од градот.

Голем број на снимки се објавени на социјалните мрежи, на кои се гледа како густ и црн чад лебди над пристаништето.

Според некои медиуми, армијата подигнала хеликоптери кои се обидуваат да го изгаснат огнот од воздух.

loading...