Ландо Норис триумфираше на трката за Големата награда на Монако. Британецот ја забележа својата втора победа во сезоната во Монте Карло. За Мекларен ова беше прва победа во малото кнежевство по 17 години пауза. Норис водеше од стартот до финишот, додека Шарл Леклер не успеа да му се приближи за да го загрозува во борбата за врвното место.
Норис стигна прв до целта, Леклер влезе втор, а Оскар Пјастри се најде на третата позиција, иако имаше малку послаба трка. Макс Ферстапен се надеваше на уште едно безбедносно возило и се движеше со стратегија на едно запирање, но заврши на четвртото место по втората задолжителна промена на гумите.
Ферари ја одбра поинаква тактика во обид да го загрози Норис. Леклер го направи второто запирање порано со цел да го претекне, но Британецот лесно ја одбрани својата позиција. Возачите на Мерцедес беа најголемите губитници. Неправилната стратегија резултираше во тоа што Антонели и Расел не ги реализираа задолжителните запирања до 46-от круг, при што завршија на 11-то и 12-то место. Антонели заврши 18-ти, а Расел 11-ти. Првите десет ги заокружија Луис Хамилтон, Исак Хаџар, Естебан Окон, Лиам Лосон, Алекс Албон и Карлос Саинц. Следната трка се одржува веќе следниот викенд во Барселона.
Пронајдете не на следниве мрежи: