„НУТЕЛА“  Е НОВИОТ  ЛЕТЕН ХИТ НА ТАЈЗИ (ВИДЕО)

Новиот музички проект „Нутела“ на нашиот познат артист Тајзи , заедно со видео записот го освојува Балканот.  Текстот на песната е на Тајзи, а музиката е заедничко дело со Лазар Цветковски, кој се потишува и на аранжманот.  Песната е објавена на музичкиот канал на издавачката куќа Балкатон, во сопственост на српскиот пејач Раста.

Видео записот е изработен од Даниел Јовевски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, додека сценариото и режијата се на Драган Величковски Тајзи. Спотот е снимен во Гевгелија,  а во него  учествуваат и десет девојки од модното студио „Црнокрак“.

Само во изминатиот период,  Тајзи се јавува како  автор на десет текстови на познати песни  кои се вртат на ТВ и радио станиците низ регионот,  а „Нутела“ е 26-ти видео запис на пејачот, од кои дваесет се со милионски прегледи.

„ Сите други се крем само таа е Нутела е метафора дека парите, гламурот, славата, трката до врвот се минлива работа. На крајот маските ќе паднат, а љубовта е таа што не движи и што му дава смисла на животот. Среќата се крие во мали работи.  Мило ми е што оваа песна е во соработка со Балкатон, затоа што Србите секогаш се позитивно изненадени кога со Даниел Јовески ќе им испратиме нов проект. Не застанувам тука, подготвувам уште многу нови работи“- вели Тајзи за својот нов летен хит.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.