Нутела колачиња: Слатко задоволство од само 4 состојки

Неверојатно вкусно!
Потребни состојки:
370 грама Нутела
70 грама брашно
2 големи јајца
Прстофат сол


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе ја тавата така што ќе ја обложите со хартија за печење. Помешајте ја Нутелата со брашното и јајцата и матете додека не добиете мазна смеса. Со лажица издвојувајте топче по топче и редете ги на тавите, на оддалеченост од 5 сантиметри помеѓу секое. На врвот на топчињата посипете сол, па ставете ги во рерна. Печете околу 7 до 9 минути во зависност од тоа дали сакате средината да биде помека или потврда.
Добар апетит!

Loading...