Нутела сладолед торта – неповторливо задоволство со секоја лажичка

Loading...

За овој десерт потребни ви се само две состојки и нецели 5 минути од вашето време, а не ви е потребна голема вештина во кујната.

600 мл слатка павлака
400 г нутела
Во длабок сад ставете ја слатката павлака и додадете ја нутелата. Матете со миксер две до три минути додека состојките убаво се соединат. Смесата претурете ја во калап за торта, намачкан со масло или путер. Ставете ја тортата во фрижидер и оставете да отстои шест до осум часа, а потоа во замрзнувач да отстои еден час.

loading...