Нутриционистот Пол Гринберг 365 дена јадел риба, резултатите биле неверојатни

Loading...

Сигурно сте слушнале за бројните студии, кои го поттикнуваат користењето на омега 3 масните киселини бидејќи тиe го намалуваат нивото на триглицериди, висок крвен притисок и ризик од инфаркт.
И не само тоа, експертите препорачуваат во исхраната да вметнете риби и тоа особено оние кои живеат во ладна вода – лосос, скуша, туна. Нутриционистот Пол Гринберг одлучил да направи експеримент и да види колку овие риби се навистина здрави за нашиот организам.
Тој една година јадел само риба и морски плодови и за тоа време имал 700 „здрави” оброци, своето искуство го документирал во филмот „The fish on my plate”. Пред да го почне експериментот бил на лекар направил крвна анализа како би ги споредил резултатите на крај.

Имав проблеми со висок крвен притисок. Проблеми со холестерол, депресија и спиење. Тоа се сите работи за кои омега 3 индустријата вели дека помага, рекол Гринберг. На крајот од експериментот, повторно посетил доктор и верувале или не затекнал исти резултати.
Иако се чувствувал и изгледал подобро, Гринберг не само што не ги решил проблемите кои ги имал туку крвниот притисок му пораснал, што може да биде резултат на зголеменото консумирање на соли.
„Секој поединец е различен и на клиничките извештаи за холестерол, крвен притисок и триглицериди, можат да влијаат разни фактори како што се начинот на живот, исхрана, физичката активност, стрес и слично”, следел брз одговор од Глобалната Организација за ЕПА и ДХА Омега 3 – киселини.
Без разлика на се, омега 3 индустријата само во САД вреди импресивни 30 милијарди долари. Близу 19 милиони луѓе во текот на 2012 година консумирале омега 3 масни киселини, додека во 2016 забележен е раст на продажбата на суплементи со овие масни киселини.

loading...