Обама го стави акцентот на економијата во говорот во Конгресот

Loading...

Американскиот претседател Барак Обама пред членовите на Конгресот и милионите ТВ гледачи го одржа редовниот годишен говор (State of the Union) во кој централна тема беше економијата и поттик на растот на средната класа.Обама истакна дека американската економија закрепнува, создадени се шест милиони нови работни места, закрепнува автомобилската индустрија, пазарот на недвижностите и берзите. Нашата економија создава  нови работни места, но сеуште има многу луѓе кои не можат да најдат постојана работа“, предупреди Обама.„Корпоративните добивки достигнаа досега невидено ниво, но обичните плати одвај да се помрднаа во изминатата деценија. Затоа е потребно повторно да се запали вистинскиот мотор на економскиот раст на Америка-успешна средна класа“, рече Обама.„Растечката економија која создава добри работи за средната класа, мора да биде ѕвезда водилка која ги насочува нашите напори“, изјави американскиот претседател.„Секој ден како нација треба да се запрашуваме за три прашања: како во нашата земја да создадеме повеќе работни места, како на нашиот народ да му ги створиме потребните вештини за да ја заврши работата на работното место и како да се осигураме дека напорната работа обезбедува достоинствен живот на човекот“, порача Обама.Тој нагласи дека ништо од тоа што го предлага во говорот не би требало да го зголеми  дефицитот. Не ни е потребна поголема влада, туку поумна влада која ќе ги постави приоритетите и ќе инвестира во раст“, рече Обама.Тој побара поддршка од Конгресот за својот план за економски раст кој вклучува даночни и образовни реформи, а чија е цел е враќање на производството од странство во САД. Американците, рече Обама, не очекуваат владата да го речи секој нивен проблем, но очекуваат да ги ставиме интересите на нацијата пред партиите. Очекуваат да постигнеме разумни компромиси онаму каде што можеме.Наша задача е да сториме оваа влада да работи во полза на многумина, а не само на неколкумина, да го охрабрува слободното претприемништво, да ја наградува поединечната иницијатива и да отвора можности за нашите деца, истакна Обама.Тој рече дека САД во последните години на енергетски план постигнале напредок во подоброто искористување на горивото и намалување на емисијата на стаклени гасови, но дека мораат да сторат повеќе во борбата против климатските промени.Говорејќи за надворешната политика на САД, Обама рече дека во текот на наредната година од Авганистан ќе се повлечат 34.000 војници, а до крајот на 2014 година американското учество во Авганистан ќе заврши.Тој истакна дека природата на војната против тероризмот се променила и дека Америка не треба веќе да испраќа десетици илјади војници во странство, туку треба да им помогне на државите, како што се Либија, Сомалија и Јемен, самите да се грижат за безбедноста.Обама истакна дека САД и натаму ќе бидат на чело на борбата против ширењето на најопасното оружје и предупреди дека севернокорејскиот режим само со почитување на меѓународните обврски ќе постигне безбедност и напредок. За Иран порача дека е време за дипломатско решение на спорот околу нуклеарната програма на Техеран.Американскиот претседател истакна дека со Русија ќе побара начини за натамошно намалување на нуклеарниот арсенал и спречување на можноста нуклеарен материја да падне во криви раце. Како една од растечките закани ги издвои информатичките напади и шпионажата, за што потпишал извршна уредба со која се зајакнува одбраната на САД на тоа поле со цел да го заштити својот воен и цивилен систем и приватноста на граѓаните.Обама најави и почеток на преговорите за слободна размена помеѓу САД  ЕУ, бидејќи, како што рече, праведната и слободната размена преку Атлантикот претставува поддршка за милиони работни места во САД.Завршницата на неговото обраќање беше посветена на емотивен повик за мерки за засилена контрола врз оружјето, со спомнување на жртвите на серијата масакри во изминатиот период.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама пред членовите на Конгресот и милионите ТВ гледачи го одржа редовниот годи

loading...