Обвинение за Вело Марковски член на Извршниот на Мицковски, од страна на ОЈО за незаконски ископ и шверц на артефакти

Loading...

Обвинение за Вело Марковски член на Извршниот на Мицковски, од страна на ОЈО за незаконски ископ и шверц на артефакти!!

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе два обвинителни акти во кои се вклучени и две познати личности. Во првиот обвинителен акт – за недозволена трговија со културно наследство, обвинет е и инфектологот д-р Вело Марковски кој неодамна стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во вториот – за злоупотреба на службеното овластување околу случајот со тенискиот клуб „Љуботен“ од Тетово, членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски.

Истрагата ја водело Обвинителството за организиран криминал и таа траела неколку месеци. Дел од артефактите, Маркоски ги чувал во својот стан додека не се најде купувач. Денеска ОЈО поднесе обвинителен акт.

Во текот на 2017 и 2018 година  обвинетата група поединечно или заедно, без дозвола од надлежни органи, вршела недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на државата. Потоа пронајденото се продавало на купувачи во Македонија но и надвор од државата.

ПОДОЛУ ЦЕЛОТО СООПШТЕНИЕ НА ОЈО:

По повеќемесечна истражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против осум лица. Лицата се обвинети дека во текот на 2017 и 2018 година поединечно или заедно, за остварување на точно определени цели, без дозвола од надлежни органи, вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Р.С. Македонија, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа добрата неовластено ги продавале на купувачи во земјава и во странство.

Имено, во наведениот период на територијата на Р.С. Македонија обвинетите Р.П, А.Б. и Ж.Р., со цел стекнување на противправна имотна корист, создале група за вршење на кривични дела поврзани со недозволени археолошки истражувања и ископувања, на која припадници станале обвинетите В.М., И.Д., А.Б., Б.Д. и Ј. М.. Членовите на групата поединечно или заедно преземале криминални дејствија за остварување на точно определени цели, па така, обвинетите Р.П., А.Б., Ж.Р., В.М., Б.Д. и Ј.М. без дозвола од надлежни органи вршеле недозволени археолошки истражувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на Р.С. Македонија. Тие меѓусебно разменувале сознанија за позиционираноста на одредени археолошки локалитети и локалитети што содржат природни реткости и по пронаоѓање на истите, со неовластена употреба на метал – детектори и сонди, вршеле недозволени пребарувања. Со употреба на погодни алати, недозволено ги ископувале археолошките локалитети и локалитетите што содржат природни реткости, а пронајдените добра под привремена заштита, културни наследства и природни реткости со непроценлива вредност, сопственост на Р.С. Македонија, неовластено ги присвојувале. Потоа, добрата ги прикривале на безбедни непознати локации и во домовите на обвинетите В.М., И.Д и А.Б. до пронаоѓање на неовластени купувачи.
Откако ќе биле пронајдени купувачите од земјата и од странство, обвинетите неовластено им ги продавале овие значајни добра, сопственост на државата. Купувачите добрата под привремена заштита, односно културно наследство и природните реткости со непроценлива вредност ги изнесувале надвор од државата, во странство и со тоа трајно ги отуѓиле на штета на државата.

Според Обвинителниот акт сите обвинети, тројца како организатори и петмина како припадници на групата сториле кривично дело „Злосторничко здружување“. Во зависност од дејствијата што ги сториле, на обвинетите им се ставаат на товар кривичните дела „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, „Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и кривично дело „Прикривање“ . Карактеристично за овие групи освен што недозволено користат метал детектори, сонди и други погодни алатки за скенирање на длабочина на територијата која е цел на ископ, со себе недозволено држат и оружје, па така, дел од обвинетите сториле и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...