Притворените во аферата „ЕВН плацеви во Делчево“ биле донатори на ВМРО-ДПМНЕ и независната Данела Арсовска

Аферата со „ЕВН плацеви во Делчево“ добива нови моменти. По се изгледа обвинетите кои од вчера се и во притвор донирале кај независната Данела Арсовска.

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, но и кампањата на Арсовска.

Орце Тодоровски – Ефто, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски – Ефто и на листата на донатори на Данела Арсовска.

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?

Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството и им одреди притвор на шестмина од седуммината обвинети за случајот парцели за ЕВН, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата – Мирослав Митровски и Игор Гиевски. За една од осомничените е одредени мерки на претпазливост- одземање на пасош и забрана за напуштање на домот.

СДСМ денеска праша:

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, но и кампањата на Арсовска.

Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?

Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

На оваа тема подолу повеќе:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.