Обвинителката Лиле Стефанова повикана во Обвинителство за сведок во “Рекет“

Loading...

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова била повикана од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава “Пресинг Тв“ и таа во својство на сведок за случајот “Рекет“ треба да се појави во Обвинителството во вторник.
Како што неофицијално дознаваме следна на сослушување ќе биде повикана и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Стефанова вчера преку соопштение објавено на веб страницата на СЈО и се спротивстави на Јанева во врска со предметот “Империја“ и првпат дојде до нивно јавно разидување.

loading...