Обвинителство побара притвор за Емил Јакимовски

Loading...

Еве ги најновите информации во врска со случајот на Емил Јакимовски познат и како Гусарот…
Основното јавно обвинителство бара да му се определи мерка притвор на осомничениот Емил Јакимовски, кој вчера беше уапсен. Обвинителството поведе постапка против него под сомнение дека ја загрозил сигурноста на лице со тоа што извршил семејно насилство, потоа ја загрозил сигурноста на лица по пат на информатички систем, како и тоа дека неизвршил судска одлука, стои во соопштението на ОЈО. Јакимовски пред една недела доби отказ од Централниот регистер, а на јавноста и е познат по блискоста со поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако минатата недела во јавноста излезе дека им се заканувал и ги навредувал новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, се огласи и директорката на Централен регистер, која рече дека навреди и закани добивале и вработени во институцијата, вклучително и таа, за што имала поднесено и поплаки. Потоа тој доби отказ. За него веќе има една правосилна пресуда за семејно насилство, тој е условно осуден и ако го повтори делото во наредните три години, ќе треба да одлежи една година во затвор.
Јакимовски е изведен пред судија на претходна постапка, кој треба да се изјасни дали ќе го прифати предлогот на Обвинителството и ќе му одреди мерка притвор.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...