Обединети Нации демантираат – Нема упатство за промена на употребата на терминот „македонски јазик“

Антонио Гутереш

Од ОН велат дека не е испратено упатство до персоналот на Секретаријатот со кој би се изменил терминот „македонски јазик“ во „ јазик на РСМ“. До ова дојде откако македонски медиуми повикувајќи се неименувани извори објавија информација дека во ОН ќе се промени терминот „македонски јазик“.
Не е испратено такво упатство до персоналот на Обединетите нации со кое би се упатиле службите, наместо терминот македонски јазик да го користат терминот „јазик на Република Северна Македонија“, се вели во одговорот за Радио Слободна Европа од портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјурачич.
„Употребата на референци од страна на Обединетите нации, вклучително и референци за придавки, за Северна Македонија се води според официјалната кореспонденција од Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации од 14 февруари 2019-та година, како што е рефлектирано и во UNTERM, јавно достапна терминолошка база на податоци на Обединетите нации.
Секретаријатот на Обединетите нации, кој продолжува да го води персоналот на Секретаријатот, не издаде никакво друго упатство освен она содржано во UNTERM“, се вели во одговорот за РСЕ од седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.