Обид за атентат на новиот градоначалник на Мариупол

Лидерот на проруската и сепаратистичка администрација во окупираниот Мариупол, Костијантин Ивашченко преживеа обид за атентат за време на посетата на Зоолошката градина, објавија руските медиуми.

Обид за атентат на новиот градоначалник на Мариупол

Петро Андриушченко, помошник на украинскиот градоначалник на Мариупол, ја потврди веста на Телеграм.

– Имаше обид да се убие Ивашченко во Мариупол. За жал, не беше многу успешен. Но, ова е само почеток, напиша на Телеграм, Андриушченко.

Порталот „Новости Донбас“ ги пренесе изјавите на новинарите на руската државна телевизија дека Ивашченко бил во автомобил кога експлозивна направа експлодирала на влезот во Зоолошката градина во Мариупол.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.