Облачно време со дожд, обилни врнежи се најавени во западните делови

Loading...

Облачно време со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2) не’ очекува денес.
Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.


Утринската температура ќе се движи од 8 до 14 степени, а дневната од 11 до 19 степени.
Во Скопје и околината ќе има слично време во утринска температура од 11 степени, а дневна од 17.
За утре, вторник, метеоролозите најавуваат сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималните дневни температури ќе го достигнат 23. степен.

loading...