Облачно време со повремен дожд, а на планините снег

Loading...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови. На планините над 1800 м.н.в. врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната шест до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Од недела утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула.

loading...
Loading...