Денес во Македонија ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Во текот на денот ќе има разведрување. Во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од – 1 степен до 3 степени над нулата, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време, утринската темература ќе се спушти до 1 степен Целзиусов, а дневната ќе достигне девет степени.