Облачно со повремени врнежи од дожд и умерен ветер

Времето во земјава денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната од 12 до 22 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната до 18 степени.
Во петок ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на запад и на југ. Потоа следува период на променливо облачно време, со поинтензивни врнежи во недела. Ќе продолжи периодот на позитивни утрински температури.

Loading...