Оброк за само 200 денари: Рецепт за плескавици од компир и сирење кои ги обожуваат сите

Loading...

За овој ручек не ви треба речиси ништо друго освен компири и сирење, а истиот се подготвува брзо и е многу евтин, а сите го сакаат.
Доколку сакате комбинација на компири и сирење, пробајте го овој рецепт.
Состојки:
– 800 грама компири;
– 100 грама тврдо сирење;
– 2 јајца;
– 1 лажица брашно;
– сланина по желба.


Подготовка:
Излупете ги компирите, изрендајте ги, па исцедете ги. Тврдото сирење изрендајте го, а потоа додадете го во компирите, па зачинете по желба.
Потоа додадете ги изматените јајца, измешајте ја смесата, па додадете сланина по желба, малку магдонос и потоа брашното.
Од смесата направете плескавици кои ќе ги пржите во загреано масло за јадење сè додека не заруменат.
Пријатно јадење!

loading...
Loading...