Објавени фотографии од луксузната јахта на Лепа Брена – за ваква дневна соба мечтае секој, особено спалната е сон на секој брачен пар

Loading...

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ имаат своја јахта, која според пишувањето на медиумите чини околу 6 милиони евра.
Иако доста се зборувало за неа, пејачката во една прилика открила дека има шест спални соби, а досега не откривале како изгледа внатрешноста на бродот.


До сега можеше да се види само од надвор, а нејзината пријателка Мирјана Антоновиќ на социјалните мрежи објави фотографии како изгледа внатре.
„Неколку фотки од јахтата на Брена и Боба. Штета што бев малку болна, па не можев во целост да уживам – напишала Мирјана.


Една од спалните соби има дури и свој тоалет, а се водела сметка на секој детаљ, па крпите за бришење се брендирани.


– Па тоа е едно убаво бродче од некои 100 фита, со пет, шест спални соби. Не беше тоа подарок само за наша душа. Сакавме да си дозволиме нешто зошто бевме во една специфична ситуација – изјавила Брена.

loading...
Loading...