Објавен четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 г.

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на
населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021г,
Државниот завод за статистика, во четвртиот сет ги објави пописните податоците кои се
однесуваат на:

Објавен четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 г.
  • домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
  • начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
  • број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и
    помошни простории и
  • дел од карактеристики на зградите.
    Според податоците:
  • Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на
    членови во домаќинствата изнесува 3.1.
  • Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25.5%
    живеат во четиричлени домаќинства.
  • Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
  • Бројот на семејства изнесува 538 348.
  • Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат
    брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства
    или 31.1% се брачни парови без деца, 9 379 семејства или 1.7% се сам татко со најмалку
    едно дете под 25 години, а 26 619 семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете
    под 25 години.
  • Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 91.4 % користат вода
    од јавен водовод, додека 2.14% домаќинства користат флаширана вода за пиење.
  • Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
  • Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,
    34 277 или 4.1% се без водоводна инсталација, а 60 807 или 7.3% немаат систем за
    канализација.
  • Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а
    само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.
    Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021
    на следниот линк:
    https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.