МИА објави па повлече вест која се однесува на Руската амбасада

Loading...

Денес е официјалниот почеток од кампањата на Владата на Р.Македонија за референдумот за договорот со Грција. Но дали истовремено започна и специјална војна на дезинформирање?
Твитот на Руската амбасада се однесувал на Илир МЕТА, а не на Столтенберг, Меркел, Курц, Аселборн и Џонсон.
МИА ја повлече токму вестта „Руската амбасада со реакција на Твитер за посетите на странски лидери на Македонија“. Од Амбасадата на Русија за МИА укажуваат дека твитот се однесувал на веста „Мета ги повика Албанците во Македонија да излезат на референдумот и да гласаат „за“, објавена на 28 август, а не на минатонеделните посети на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на канцералите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, на шефот на дипломатијата на Луксембрург Жан Аселборн и на американскиот сенатор Рон Џонсон.

loading...