Оваа билка смирува СИЛНИ ГЛАВОБОЛКИ и го чисти организмот

Копривата е едно од најраспространетите растенија во природата. Многу луѓе не ја сакаат поради непријатното чувство на печење што го имаме ако ја допреме со гола кожа.
Сепак, журкањето, како што популарно се нарекува, е вистински спас кога се во прашање многу болести. Секој дел од ова растение е лековит, од коренот до цветот, а секој од нив треба да се најде во нашите кујни.
Копривата помага при силни главоболки, а особено им се препорачува на жените после породување. Ова „боцкаво“ растение е одличен сојузник за чистење на крвта, а помага и за намалување на количината на шеќер во крвта, но и лекува воспаленија на уринарниот тракт и ја поттикнува работата на цревата.
Познато е и дека им помага на луѓето кои боледуваат од ревматизам, но помага и во борбата против болести на црниот дроб и жолчката, несоница, тумори на слезината.
Хемиски состав:
Листот од коприва содржи органски киселини, слободни амини, флавоноиди, каротеноиди, танини, кумарини. Коренот од коприва содржи полисахариди, лектини, кумарини, тритерпени.
Употреба:
Листот од коприва се користи за зголемено менструално крварење и крварење од хемороиди; на покачени нивоа на шеќер; за да се забрза излачувањето на урината. Коренот од коприва се користи кај бенигни и малигни аденоми на простата.
Начин на подготовка и употреба на чајот:
Една кафена лажичка сечкан корен се прелива со 150 мл ладна вода, се загрева до вриење и се цеди по 10 минути. Пијте три пати на ден по шолја чај.
Една лажица листови од коприва прелијте со 200 мл ладна вода, брзо загрејте до вриење. Покријте го садот и оставете да отстои 10 минути. Процедете и пијте три пати на ден по шолја чај.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.