Оваа девојка го има најубавиот плакар со чевли на светот!

Loading...

Ако сте чест посетител на социјалните мрежи и обожавателка на чевли, тогаш голема е веројатноста дека досега сте ја сретнале оваа дама која секојдневно објавува фантастични фотографии со шик чевли.Габриел Хакворт е маркетинг менаџер на брендот Џими Чу, а претходно долги години била дел од луксузниот онлајн бутик Net – a – Porter, па оттаму и огромната љубов кон чевлите.


Покрај сè, Габриел била и уредничка во магазините Харперс Базар и кинескиот Вог, а отсекогаш се стремела кон креирање на содржини кои ќе ги инспирираат жените ширум светот.


Секој петок, на социјалните мрежи таа објавува фотографии од шик Џими Чу чевли кои ги носи, а кои се вредни да се најдат во плакарот на секоја дама.


Таа секогаш ги фотографира чевлите на себе, во нејзината канцеларија, што е совршен начин за рекламирање на сите нови парчиња што ги создава брендот.
Секогаш со супер комбинации, оваа девојка е дефинитивно една од оние кои задолжително треба да ги следи секоја дама, особено оние кои со неа ја делат огромната љубов кон чевлите.

loading...