Оваа едноставна домашна супа од тиква ќе ве згрее во променливата сезона

Loading...

Крем супата од тиква е една од најубавите гастро предвесници на есента. Таа е омилена во целото семејство, едноставно се припрема, а покрај тоа е и многу здрава.
Имено, тиквата е богата со влакна и минерали, ја поттикнува дигестијата, но и има бројни благодети за кожата.
Во продолжение, ви претставуваме еден рецепт за ароматична супа од тиква која ќе ги згрее вашето тело и душа.
Потребни состојки:
– 1 кг. тиква, исечкана на коцки
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 1 литар бујон
– 500 мл. неутрална павлака за готвење
– 2 лажици кокосово масло
– 1 шака семки од тиква
– ловоров лист
– масло од тиква


Начин на припрема:
1. Излупете ја тиквата, лукот и кромидот и исечкајте ги на ситни коцкички. Во длабок сад, загрејте го кокосовото масло и пржете го кромидот додека не добие златна боја, а потоа додадете го лукот и тиквата.
2. Пржете неколку минути, а потоа додадете го бујонот и ловоровиот лист.
3. Гответе сè додека тиквата не омекне. Потоа во смесата додадете ја неутралната павлака и иситнете ги парчињата тиква со рачен миксер. Извадете го ловоровиот лист пред блендирањето.
4. По потреба додадете сол, а пред послужувањето додадете неколку капки масло од тиква, семки од тиква и малку кисела павлака.
Пријатно јадење!

loading...