Оваа жена цела куќа ја обоила во црна боја, причината ќе ве изненади

Loading...

Американката Хана Бичлер на Твитер споделила фотографии од нејзината куќа, која ја обоила во црно поради 2020-та година.
„Во чест на 2020-та година ја обоив куќата во црно“, напишала Хана. Куќата ја обоила од врвот до дното во оваа боја, а црни се дури и прозорците и покривот. Открила и дека мајсторите на овој проект работеле два месеци.


Многумина посакале да ја видат внатрешноста на домот, па Хана набрзо споделила и такви фотографии. Внатрешноста на куќата сепак не е црна, а дизајнот воодушеви многумина.
„Се надевам дека ќе ја задржам оваа боја барем неколку години, но ќе видиме“, рекла таа, одговарајќи на прашањето дали планира во подобри времиња сепак да го врати ‘класичниот’ изглед на домот.

loading...