Оваа мудра приказна е одлична за да го започнете денот со поука

Loading...

Еднаш млада девојка отишла да ја посети својата баба и да се пожали како и е тешко во животот. Не знаела како понатаму и сакала да се откаже од се. Била изморена од борба. Кога ќе решила еден проблем, се појавувал друг.
Бабата ја однела внуката во кујна. Наполница три лонци со вода и ги ставила на огaн. Во првиот лонец ставила морков, во вториот јајца и во третиот кафе. Седнала и ги оставила лонците на шпорет. По 20 минути го исклучила шпоретот. Потоа го извадила морковот од лонецот и го ставила во сад. Ги извадила и јајцата и ги ставила во сад. И на крај ги извадила и зрната кафе и ги ставила во трет сад.
Бабата се свртела кон внуката и ја прашала: Кажи ми што гледаш?


„Гледам морков, јајца и кафе“, одговорила внуката.
Бабата ја замолила да го допре морковот. Го направила тоа и сфатила дека е многу мек. Потоа, бабата ја замолила да го земе јајцето и да го скрши. Под лушпата имало тврдо јајце. И на крајот ја замолила да ја проба водата во кое било варено кафето. Внуката се насмеала кога ја почувствувала богатата аромa на на кафето.
„Бабо што значи ова?“
Бабата и објаснила дека сите намирници се соочила со иста неволја – зовриената вода. Но, секоја реагирала различно. Морковот беше тврд, но во водата станал мек и слаб. Јајцето беше кревко. Но, во вриената вода стана силно.
Сепак, зрната од кафе се единствени. Откако биле подложени на топла вода, тие ја промениле водата.
„Во кој пример се пронаоѓаш?“ – бабата ја прашала внуката.

loading...