Оваа “секси баба” која е во седмата деценија открива што се крие зад нејзиното сензационално тело

Loading...

Австралијанката Лесли Максвел е интернет сензација која не престанува да ги воодушевува следбениците на социјалните мрежи поради фактот што има 63 години, а изгледа неверојатно.
Таа пет пати неделно оди во теретана, а како што и самата признава, редовните тренинзи ѝ помагаат успешно да им пркоси на годините.


“Фитнесот и здравиот начин на живот отсекогаш ме привлекувале. Затоа бев одлучна да пронајдам формула со која моето тело ќе изгледа што помладо”, вели Лесли.
Дека никогаш не е доцна да ги остварите своите соништа докажува и тоа што Максвел започнала професионално да се занимава со фитнес на 48 години, а на 49 веќе ја освоила и првата награда на еден фитнес натпревар.

 

View this post on Instagram

 

Better late than never??? Always time to squeeze in a workout?xoxo

A post shared by Lesley Maxwell (@lesleymaxwell.fitness) on


Но, нејзината рутина не се променила – таа интензивно вежба пет пати неделно, а особено инсистира на обликување на стомачните, мускулите на нозете и задникот.
Лесли која има три внуци, не крие дека ужива во друштво на помлади мажи.
“Отсекогаш ми приоѓале помлади мажи, а бидејќи и самата се чувствувам помладо, врските со нив добро функционираат”, вели Лесли и додава дека сите нејзини партнери биле помлади од неа, вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг од кој била 13 години постара.


“Денес сум многу посреќна и посигурна во себе отколку кога бев млада, а особено откако стекнав многу пријатели и обожаватели во теретана, но и на социјалните мрежи”, заклучува оваа “секси баба”.

loading...