Ова е девојката чија желба денеска папата и ја оствари

Loading...

Антонија Класновиќ е девојка од земјава, која беше една од посетителите на мисата, кои имаа можност да се качат на бината на плоштадот „Македонија“ и да се поздрават со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Понтифот одржа миса на плоштадот пред голем број граѓани – верници од земјава, но и странство, почесни гости, македонскиот државен врв, љубопитни граѓани, кој таму беа за да видат една светски позната личност. Упати порака за за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето, а откако мисата заврши католичните верници имаа можност да се причестат.


Антонија во разговор за МИА вели дека ова бил еден од најсреќните моменти во нејзиниот живот.
-Многу сум среќна затоа што сум тука. Затоа што верувам во Бог. Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот. Отсекогаш сум сакала да го запознаам папата, вели таа.
Посака повеќе вера кај луѓето. -Сите да бидеме подобри, посплотени, подружељубиви, почовечни, похумани, вели Антонија.
Голем број католици од земјава, но и над илјада верници од Хрватска, околу 50 од Словенија, но католички верници од Босна и Херцеговина, Шпанија, Хондурас, Калифорнија ја слушаа мисата. Меѓу присутните имаше и голем број деца.

loading...